Трагична новогодишна ноќ: Музичар почина во ресторан

Во ресторанот “Тајм аут” на Ада Циганлија во Белград еден од музичарите се онесвестил, а потоа починал.

Мажот (57) наеднаш колабирал, а потоа била повикана брза помош и полиција.

Лекарите од итната помош се обиделе да го реанимираат мажот, но не успеале.

Ресторанот веднаш бил испразнет.

– Внатре има само неколку луѓе. Полицијата во моментов врши увид, тука се и форензичарите, вели соговорник за српските медиуми.

Смртта била констатирана во 21 часот и 30 минути.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде