Тргнал да купи цигари и од тогаш никој повеќе не го видел: Ни трага ни глас од Филип кој исчезна кај Сремска Митровица

Сè уште го нема! Филип Урумовиќ (21) исчезна пред повеќе од еден месец во местото Кленак кај Рума, но засега нема ни трага ни глас од него, иако во потрагата се вклучија голем број луѓе!

Дедото на исчезнатиот млад човек Бранко Ј., претходно изјави за Ало! дека немаат информации што се случило со Филип и тврди дека никогаш не би отишол никаде без да ги контактира.

Филип последен пат бил виден на 20 ноември кога излегол од дома и отишол да купи цигари, а неговиот автомобил бил пронајден недалеку од стариот мост во Кленак.

Пријател на исчезнатиот Филип за Ало! изјавил дека, за жал, нема нови информации за исчезнувањето и дека се уште се трага по Филип.

Еден ден полицијата со сонар го пребара коритото на реката. Но, не можеа да продолжат бидејќи Сава е голема и не е безбедна.

Филип живеел со својата мајка, баба и дедо. Стравуваат дека можеби кренал рака на себе, но истовремено се надеваат дека е жив, дека ќе го најдат или дека ќе ги контактира – изјави вчера пријателот на Филип.

Дедото на Филип Урумовиќ истакнува дека неговиот внук е најбаран од пријателите и дека никој не знае што можело да се случи за да го снема толку ненадејно.

Неговите родители се разведени. Таткото е проблематичен. Како дете сакале да го дадат на посвојување, имал само два месеци. Јас и бабата рековме дека нашето дете нема да оди во згрижувачки семејства додека сме живи – изјавил загрижениот дедо за медиумите.

Исчезнатиот Филип е висок околу 175 сантиметри, тежок околу 75 килограми и има кафени очи и коса.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде