Ужас на новoгодишната ноќ: 20 годишно момче прободено со нож

Изминатата ноќ на Ургентниот центар во Скопје биле извршени 103 прегледи, а на Клиниката за токсикологија 23.

Тоа според докторите е просекот што го имале и изминатите години. 

На Ургентниот центар во Скопје од извршените 103 прегледи, три биле од сообраќајни незгоди.

Докторот Ерен Сејфула, ортопед од Ургентниот центар вели дека еден пациент е примен на Клиниката за дигестивна хирургија за натамошен третман и е во стабилна состојба.

„Имаше и три физички напади од кои едниот пациент, 20-годишник, е примен на Клиниката за торакална и васкуларна хирургија.

Се работи за убод од нож, пациентот е примен за натамошно лекување и е во стабилна состојба. Сите останати случаи биле со лесни повреди и се пуштени на домашно лекување“,рече Сејфула.

Оваа година, според, него, нема поголем број на случаи кои се примени во Ургентниот центар во споредба со претходната година.

На Клиниката за токсикологија, во текот на новогодишната ноќ, биле примени 23 пациенти, кои според нивните кажувања пиеле само алкохол.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде