Вонредно: Силен земјотрес ја стресе Турција

Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала во 14 часот и 28 минути по наше време.

Земјотресот се случил на длабочина од пет километри,

а епицентарот е на 11 километри североисточно од Пулумер.

Да потсетиме, земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди главниот јапонски остров Хоншу, поради што Националната метеоролошка агенција издаде предупредување за цунами од 3 метри долж брегот на Јапонското Море.

Портпаролката на јапонската телевизија NHK континуирано и итно ги повикува жителите да бараат безбедност на високото место.

Првично нема извештаи за штети или жртви, пренесе ДПА.

Епицентарот на потресот бил на полуостровот Ното во префектурата Ишикава, на околу 505 километри северозападно од Токио.

Јапонија е една од најзагрозените земји во светот од земјотреси.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде