Кавадарчанка раскажува: Се омажив за пари во Скопје и верувам дека парите ја купуваат среќата!

Девојка од Кавадарци раскажува: Се омажив за пари и верувам дека парите ја купуваат среќата!

Се омажив со сопругот за пари, тој ме привлекува, јас го сакам, но верувам дека мажот треба да ја сака жената повеќе и моите верувања се исполнија. Тој ме сака премногу, ме чува како принцеза не дозволува да падне прашинка на мојата глава.
Се запознавме кога имав 26 години, тој имаше 34. Беше млад, стабилен, згоден и перспективен човек. Знаев дека тоа е човекот на мојот живот.

Живеев со помислата дека ниеден не ми е до колена. Убава, згодна, паметна, образована девојка. Зборував 4 јазици и работев во Министерство за надворешни работи.

Секогаш знаев што сакам во животот и целев кон тоа. Не можев да најдам маж кој ќе се носи со мојте карактеристики. Сите бегаа од мене кога ќе ме запознаеа подобро, се плашеа.

Тогаш го запознав него. Тој без страв и срам ми се доближи. Влезе во мојот живот, секако јас го дозволив тоа.

Мојот сопруг е убав човек и има многу квалитетни особини, но неговите пари беа пресудни да се одлучам да се омажам…

Тајната на среќниот брак лежи во парите. Никогаш немало кавги меѓу нас, бидејќи и двајцата работевме и се трудевме да придонесеме за домот, секако тој заработуваше многу повеќе од мене и се грижеше да не ми фали ништо.

Откако сум со него ниедна солза нема капнато на моето лице, ниедна нервоза не го оптеретила мојот мозок, живееме во куќа каде што владее хармонија и среќа и ден денес верувам дека парите ја купуваат среќата.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде