Поскапуваат цигарите. Одредени марки на цигари денеска добија повисоки цени за 5 до 10 денари.
Стапија на сила измените во Законот за акцизи донесен во октомври минатата година,со кои цигарите и сите тутунски производи, пури,
несогорливите тутунски производи и течноста за електронски цигари ќе се зголемуваат од 2 до 5 денари секој први јануари до 2030тата година.
Владата овие измени ги правдаше со усогласување со европската регулатива, а на овој начин ќе се бори да го дестимулира пушењето како и дополнително да го полни буџетот.
Па по овој основ, според пресметките оваа година државната каса треба да биде потешка за околу 17 милиони евра.