УХМР со најнова прогноза: Еве какво ќе биде времето денеска и во следните денови

Променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд.

Попладне облачноста ќе се намали и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец.

Во вечерните часови и во текот на ноќта по котлините ќе има појава на магла.

Во Скопје променливо облачно, претпладне со врнежи од дожд.

Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има појава на магла.

До крајот на работната седмица ќе настапи стабилизирање на времето со појава на магла по котлините со променлив интензитет.

Влажен бран со врнежи претежно од дожд ќе го зафати нашето подрачје за време не викендот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде