ВИДЕО Две лица се убиени, а осум се ранети во престрелка што се случила за време на неофицијална новогодишна прослава во Лос Анџелес

Полицијата во Лос Анџелес соопшти дека две лица се убиени, а осум се ранети во престрелка што се случила за време на неофицијална новогодишна прослава во центарот на тој американски град.

Лос Анџелес Тајмс пишува дека сè се случило нешто пред еден час по полноќ во понеделникот.

Се вели дека полицајците добиле повик преку радио за пукање во областа на улицата 15 и авенијата Санта Фе.

Кога стигнале на раскрсницата, слушнале истрели од блиската улица и виделе голема толпа луѓе како бегаат од таму.

– Неколку ранети лежеа на тротоар – соопштија од полицијата.

Наводно, на местото на пукањето биле прогласени за мртви еден маж и една жена, а на осуммината ранети им била укажана помош во локалните болници.

Полицијата не дава повеќе информации за состојбата на повредените.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде