Страотна сообраќајка, 24-годишно момче со тешки повреди пренесено во болница

Дваесет и четиригодишен беровец е тешко повреден откако со „голф“ излетал од патот Берово-Делчево.

„На 02.01.2024 во 05.00 часот Полициската станица Берово било пријавено дека на регионалниот пат Берово – Делчево на место викано „Смојмирско поле“,

атар на с.Смојмирово, патничко моторно возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(24) од Берово, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип“, информираат од МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Берово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде