Нападнати вработени од контролата за летање на скопскиот аеродром, напаѓачите влегле слободно без да бидат спречени од обезбедувањето

Претседателот на Синдикатот на контроли на летање, Александар Тасевски, соопштува дека во објектот за контрола на летање, влегле лица и нападнале вработени.

Случајот е пријавен во полиција, а доаѓа откако денеска, беше најавено дека 20 до 30 вработени ќе депонираат оставки, поради вработувањата кои може да предизвикаат проблеми во авиосообраќајот.

„Пред околу 30 минути во објектот на контрола на летање дошле неколку возила од кое излегле неколку лица кои влегле во објектот на контрола на летање и предизвикале караница и нападнале вработени во контролата на летање, мои колеги.

Случајот е пријавен во полициска станица Петровец, запознати се и министерот транспорт и врски и министерот за Внатрешни работи“, напиша Тасевски.

Дој додава дека: „Возилата влегле без да бидат спречени од страна на обезбедувањето кое е од надворешна фирма на која според наши сознанија и е истечен договорот од пред извесно време а немаме информација дали им е продолжен повторно. Од друга страна не реагирало ни обезбедувањето на М-НАВ кое се наоѓа во самиот објект“.

Според него, ова е акт на насилство.

„Овој акт на насилство не само што претставува закана за секој еден професионалец во контролата на летање туку и за безбедноста во авијацијата кога секој еден може од надвор да влезе во објектот и да нападне вработени кои во тој момент извршуваат работни обврски“, посочува Тасевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде