ОБЈАВЕНИ ТРИ ПОВИЦИ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА НАЈРАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ ГРАЃАНИ ВО ОПШТИНА ОХРИД

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува јавен повик за еднократна финансиска поддршка на семејство кое има дете со тешка попреченост во училишна возраст.

Повеќе информации ОВДЕ.

Врз основа на член 22 став 1 точка 7, член 50, став 1 точка 16 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02), член 15 став 1 точка 7, член 34 став 1 точка 15 од Статутот на општина Охрид, како и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува јавен повик за еднократна финансиска поддршка на лице кое е зГрижено во згрижувачко семејство на територијата на Општина Охрид.

Повеќе информации за овој повик ОВДЕ.

Врз основа на член 50, став 1 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр 5/02) и програмата за социјална и здравствена заштита на општина Охрид за 2024 година, Градоначалникот на општина Oхрид објавува јавен повик за доделување на ученички,

студентски стипендии како и стипендии за лица запишани на мегистерски и докторски студии на државните и приватните училишта и Универзитети во Република Македонија, а се однесуваат на лица со ретки болести и посебни потреби во Општина Охрид за учебната 2023/2024 година.

Повеќе информации ОВДЕ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде