Поларниот бран се поблиску до Македонија: Температури во длабок минус и многу снег!

Натпросечното топло време за овој период од годината на Балканот, вклучувајќи ја и нашата Македонија ќе потрае се до 7.1.2024, по што следува силен продор на поларен бран од Арктикот и многу снег на Балканскиот Полуостров.

Силен циклон кој ќе се формира над Јадранот за време на викендот ќе донесе многу дожд, а потоа и многу снег во регионот.

Во исто време од Арктикот ќе ни се спушта многу студен воздух кој во деновите потоа ќе ги спушти температурите во длабок минус и тие ќе бидат под просекот.

Според сегашните ажурирања на нумеричките модели ширум регионот температурите ќе се спуштат и под -15 степени (понекаде до -20 степени).

Североисточно од нас ќе биде дури и многу постудено. Речиси целиот Европски Континент ќе биде зафатен од овој Арктички бран.

Утрово Попоски објави нови детали:

Полека ни доаѓа најавениот студ и снег на Балканот (Баш за Божиќните празници па во деновите потоа). Ова е само најава на она што би се случувало од средината на овој месец, па се до крајот на истиот! Регионот да се припреми за “Бел Божиќ” (нормално оние кои го слават).

Кога станува збор за Македонија “Бел Божиќ” би можеле да имаат повисоките места и планините”, секако со продорот на студен воздух од Арктикот, провејување на снег би имало и понекаде во градовите (Особено на 8 – 9.1.2024, за Св. Стефан), напиша Попоски утрово на Фејсбук.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде