Утрово паѓа снег во делови од Македонија (ВИДЕО)

Првиот снег во Новата година веќе паѓа на повисоките предели од Македонија, објави Скопје1.

Интензивно, паѓаше и во текот на ноќта, а се очекува така да продолжи во текот на денешниот ден.

„Нови снежни врнежи во новата година… Екипите на Македонијапат се на терен и постојано интервенираат“, вели Костадин Ацевски, директор на „Македнијапат“.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози.

„АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, велат од АМСМ.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде