Ненад Јовановиќ: Искрено верувам во нашите граѓани дека ќе проценат добро кој работи за нив, а кој работи исклучиво за својот јебен џеб

Фејсбук пост на Ненад Јовановиќ:

Подготовката за изборите почнува на 22-ри јануари. Ако добро читам, Пендаровски има големи шанси да биде повторно кандидат на проевропските сили за претседател версус извесен Спасеновски на ВМРО.

Тука, се разбира, не би го исклучил ниту Оливер Спасовски. За Пендаровски знаеме се’, за Спасовски исто така знаеме се’. Единствено кое не го знаеме е профилот на извесниот Спасеновски, потенцијален кандидат на Мицкоски за претседател. Ама тоа е и помалку важно.

Од искуство знаеме дека во ВМРО личности со свој идентитет и интегритет немаат проѓа, тамо се гласа за Мицкоски, односно се гласа со наредба и закана за партијата која им претставува тотем.

Што е за нас важно?

Важно е што имаме шанса повторно за две работи:

1. Ќе ја рипнеме ли нашата сенка и се избориме конечно за Европа; или,

2. Ќе останеме во искушение и повторно се заглавиме во вмровската сенка од цела деценија во низа;

На крајот, се разбира, се’ е до граѓаните и нивните пенкалца. Искрено верувам во нашите граѓани дека ќе проценат добро кој работи за нив, а кој работи исклучиво за својот јебен џеб.

Имаме избор, очигледен, јасен и недвосмислен. Време е да се подготвиме, турбулентни месеци се пред нас.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде