Метеоцентар со детална прогноза за следните денови: Ќе трупа снег низ Македонија

До недела времето ќе се задржи стабилно, суво и студено со ниски утрински температури.

Утре ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец повремено со брзина од над 60 км/час, а во сабота ветерот повремено ќе засилува.

Во понеделник и вторник ќе има зголемена облачноста проследена со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места од повремен снег.

Прогноза за 13.01.2024
Минимална температура: -10°C до -4°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 14.01.2024
Минимална температура: -11°C до -5°C
Максимална температура: 1°C до 8°C

Сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец.

Прогноза за 15.01.2024
Минимална температура: -8°C до -2°C
Максимална температура: 2°C до 7°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините и понекаде на повисоките места од снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде