МВР со детали за пукањето во тетовската болница

Крвава пресметка со пукање имало во Тетово, дознава „Скопје1“. Според првичните информации има тешко повредени лица.

Едното лице кое е погодено, е во тешка состојба и итно пренесен со Брза помош во Клиничкиот центар во Скопје.

„Денеска околу 18 часот и 5 минути во СВР Тетово пријавено е дека пред влезот на Ургентен центар во тетовската Клиничка болница било пукано во две лица од тетовското село Гајре, кои се здобиле со прострелни рани.

Служби на СВР Тетово и јавен обвинител се на лице место и се преземаат мерки за пронаоѓање на пет лица, кои се сомничат во врска со случајот.

Инаку, на овој случај денеска, исто така, му претходела физичка пресметка помеѓу еден од ранетите и еден од осомничените за учество во пукањето.

Се работи на расчистување на случајот“, велат од МВР за „Скопје1“

Фото: СДК.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде