Вонредна вест: Пукање во тетовската болница, има повредени

Припадници на полицијата ја опколиле болницата во Тетово, јавуваат локалните медиуми.

Локалните медиуми јавуваат дека пред неколку моменти во вооружена пресметка биле повредени две лица.

Нападот се случил во Одделението за итна помош.

Во дворот на болницата се гледаат полицајци вооружени со автомати, јавува Алмакос.

Како што дознаваме, едното повредено лице предмалку е префрлено на скопските клиники.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде