Обвинителството попладнево информираше дека полицијата привела едно од четирите избегани лица осомничени за нападот во Македонска навигација.
И за него од судијата на претходна постапка ќе се бара притвор.
Тројца и понатаму се во бегство.
Другите четворица, меѓу кои и шефот на чаирскиот огранок на ДУИ, Беким Незири, веќе добија 30-дневен домашен притвор.