Се преврте возило, возачот со тешки повреди пренесен во болница

На 11.01.2024 во 06.40 часот било пријавено дека на регионалниот пат Велес– с.Каратманово кај место викано „Штипска клучка“ патничко моторно возило „форд“ со велешки регистарски ознаки,

управувано од Б.К.(27) од Велес, излетало надвор од коловозот, информира МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Велес.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде