Последна вест: Полицијата уапси уште еден од напаѓачите во М-НАВ

Обвинителството попладнево информираше дека полицијата привела едно од четирите избегани лица осомничени за нападот во Македонска навигација.

И за него од судијата на претходна постапка ќе се бара притвор.

Тројца и понатаму се во бегство.

Другите четворица, меѓу кои и шефот на чаирскиот огранок на ДУИ, Беким Незири, веќе добија 30-дневен домашен притвор.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде