Светот тагува: Почина познатата актерка

Почина американската актерка Џојс Рендолф.

Во изјава за „Ти-ем-зи“, нејзиниот син потврди дека актерката починала во сон, во нејзиниот дом во Њујорк.

Нејзината здравствена состојба не била најдобра во последно време – таа не можела да оди, а добивала и палијативна нега.

Рендолф е најпозната по улогата на Трикси Нортон, сопругата на Ед Нортон, во комичната серија „Младенците“ („The Honeymooners“), која важи за еден од најдобрите ситкоми на сите времиња.

Таа зад себе го остави синот Ренди, кој најави дека неговата мајка ќе биде кремирана и им порача на сите наместо цвеќе да испраќаат донации во Фондот за забава.

Рендолф беше последниот жив член на актерската екипа на серијата „Младенците“ („The Honeymooners“).

Рендолф имаше 99 години.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде