Четири месеци нема обвинение за убиецот од Кочани кој со 40 убоди од нож ја усмрти ја Танкица Младеновска

Се уште е во предистражна постапка убиство во Кочани, кога поранешниот партнер со над 40 убоди од нож  пред нејзината куќа ја усмрти  46годишната кочанчанка, објави Алфа телевизија.

И по речиси четири месеци од свирепото убиство, предметот се уште е во предистражна постапка.

Претседателката на кочанскиот Основен суд за Алфа вели дека  предметот се уште е во истрага и тие како инсутуција  немат добиено обвинение за случајот.

Во меѓувреме пак од Обвинителство кратко брефираат дека истрагата за случајот е во тек, не откривајки други детали.

Свирепото убиство се случи на 25 септември минатата година. Тогаш убиецот во раните утрински часови, пред да замине на работа ја начекал својата жртва и со кујнски нож, нанесувајќи и над 40 убоди во градите, стомакот, вратот и рацете  ја лиши од живот.  59годишниот маж по убиството ја почекал полицијата и се предал.

    Агонијата на жртвата траела седум години. Живеела со закани и била уценува од него со наводно компромитирачки фотографии. Иако во април минатата година дури и го пријавила, нејзината пријава не била сватена сериозно. 

Тогаш од ОЈО брефираа дека била уценувана во врска со кредит и дека немало закани по нејзиниот живот и загрозување на сигурноста.  

Прилогот погледнете го ТУКА

Извор: Алфа телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде