Мијалков поднел барање за порано да излезе од затвор

Иако не му е одлежани две третини од тригодишната затворска казна за случајот „Империја“, поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков,

поднел барање за да му дадат условен отпуст од затворот во Струга, но засега е одбиен.

Место по Нова Година, тој барањето го поднел пред Нова Година, па тоа било и причината што кривичен совет од Основниот кривичен суд Скопје го одбил неговото барање, дознава СДК.

Сепак, на ова решение Мијалков поднел жалба до Апелациониот суд Скопје. 

Мијалков останал осамен во Струшкиот затвор, откако неговите соработници Јордан Камчев и Ненад Јосифовиќ кои уште во мај 2022 година признаа вина, одамна ги одлежаа казните во истиот затвор од најлабав вид.

Беа осудени на година дена затвор, но почнаа да ги одлежуваат уште на 2 јули 2022 година. Од тие 12 месеци им беа одбиени по 4 месеци време поминато во притвор, па во Струга беа само по 8 месеци за „Империја“.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде