Андријана Лазиќ трагично загина на 10 јануари во Дубаи, паѓајќи од 24 кат.
Младата пејачка е родена на 2 ноември 1995 година и е родум од Бјелина, Република Српска.
Андријана неодамна сними две песни со познатиот композитор Горан Ратковиќ Ралет, и беше на прагот да започне професионална музичка кариера.
Андријана сакаше да патува, а често со другарките посетуваше интересни дестинации.
Како што пренесуваат медиумите, младата пејачка на 7 јануари отишла во Дубаи, со своите пријателки, а три дена подоцна починала.
Инаку, таа беше дипломиран правник.
