БОЛНА СУМ ОД РАК, ИМАМ УШТЕ 6 МЕСЕЦИ ЖИВОТ – целиот Балкан се моли за оваа млада српска пејачка

Пејачката Хариета Симиќ (40) од Ниш, попозната како Харина, преку својот профил на Инстаграм откри дека е болна.

Таа на оваа социјална мрежа објави дека започнува борба со карцином, кој по градите и вратот ѝ се прошири на белите дробови.

Таа пред десетина дена објави видео од болничкиот кревет, а потоа уште едно од болницата на кое што се снимаше додека плаче.

Но сега најави дека од понеделник, 29 јануари, започнува со терапии за да се обиде да ја победи тешката болест.

„Сега повторно сé од почеток, само сега не е дојката, не е вратот, туку карцином на белите дробови. Од понеделник започнува борбата, посакајте ми среќа бидејќи ќе ми биде потребна“, порача таа.

Таа се лекува во болницата во Смедерево, а неодамна за медиумите зборуваше отворено за нејзината борба.

За болеста прв пат дознала пред две години, кога ѝ беа отстранети и двете дојки. По хемотерапиите ѝ кажале дека е излечена, но подоцна лекарите дијагностицирале промена на лимфните жлезди, па откако утврдиле дека повторно е во прашање е рак, отишла на операција.

Но карциномот се проширил и метастазите ги зафатиле белите дробови, по што ѝ кажале дека има уште шест месеци живот.

„Пиев петролеј, канабис масло, сé што слушнав, пиев за да ми помогне“, зборува за својата болест оваа девојка, а многумина во коментарите и посакуваат што побрзо да оздрави.

„Издржи, Бог ќе ти помогне, „Биди силна, не предавај се, бори се, Господ е голем, ќе те излечи“, „Се молиме за тебе“, пишуваат тие.

Извор: Гламур

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде