Минатиот викенд музичарот Ѓорѓе Давид доживеа сообраќајна несреќа во Македонија кога налета на жена која што се движела по автопатот кај Табановце и ја усмртил.
Пејачот поминува низ вистинска агонија откако тоа се случи, а иако се шпекулираше дека се вратил во Србија, тој синоќа се огласи и откри дека се уште е во Македонија, објави српски Телеграф.
Сега се огласи обвинителството и објасни зошто Ѓорѓе Давид се уште е таму.
– Личните документи на осомничениот се во Основниот суд Куманово. Во петокот судот донесе одлука за промена на безбедносните мерки, но таквата одлука се уште не е конечна.
За одлуката не е побарано мислење од обвинителството. Истрагата за причините за сообраќајната несреќа се уште трае – велат за „Блиц“.
Инаку, српскиот музичар се огласи на својот Инстаграм од Македонија.
– Не добив документи и не заминав од Македонија. Моите документи се во ОЈО Куманово. Кога ќе ги земам документите и ќе ја поминам границата, прв ќе соопштам – изјави Ѓорѓе Давид.