УЖАС: 37-годишник прегази малолетник, со тешки повреди итно пренесено во болница

Малолетник прегазен во скопско. 

На 28.01.2024 вo 18.45 часот во СВР Скопје било пријавно дека на регионален пат Скопје-Куманово, во село Арачиново, скопско,

патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј.(37) од с.Арачиново, удрило во малолетен пешак од Скопје, соопшти полицијата во дневниот билтен. 

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје. 

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде