Пунам Пандеј (32) почина од рак на грлото на матката, објави нејзиниот тим.
Пунам Пандеј беше индиски модел и актерка од филмови за возрасни. Таа дебитираше во Боливуд со филмот „Нашите во 2013 година.
Таа имаше над милион следбеници на Инстаграм и беше позната по своите смели фотографии и видеа.
Сепак, таа често предизвикуваше полемики со своите контроверзни изјави, а еве пет ситуации кога беше во центарот на вниманието.
„Ова утро е тешко за нас. Со длабока тага ве известуваме дека ја загубивме нашата сакана Пунам поради рак на грлото на матката.
Секоја жива форма што некогаш дошла во контакт со неа е дочекана со чиста љубов и добрина“, се вели во соопштението објавено на официјалниот инстаграм профил на Пунам Пандеј.
