ЈСП објави: Еве која е причината за инцидентот во автобусот

Вечерва во автобусот на линија бр.7 на автобуската постојка кај комплексот Банки се случи уште еден инцидент, поттикнат од политички тензии, стои во соопштението од ЈСП Скопје.

Од таму апелираат до политичките партии да ја смират својата реторика во предизборниот период, да делуваат одговорно и да не користат реторика која ги потпалува тензиите меѓу граѓаните по кој било основ.

Истовремено, велат од таму, апелираме до МВР и техничкиот министер Панче Тошковски, кој е надлежен за спроведување на мирни, фер и демократски избори, да преземе одговорност и соодветни мерки за спречување на ваквата потпалувачка кампања која предизвикува нетрпеливост кај најмладите.

Апелираме, МВР да ги засили своите контроли во возилата од јавниот превоз, како и на автобуските постојки.

За среќа, во овој настан нема тешко повредени, а причинета е само минимална материјална штета (скршен прозорец) на автобусот која ќе се покрие со осигурувањето на возилото, соопштија од ЈСП Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде