Кавадарчанец со автомобилот излетал од пат и од здобиените повреди починал, објави tirekovmirece.com.
Сообраќајката се случила на пладне, кај мотел Македонија, на автопатот Скопје – Градско.
„Денеска 12 февруари во 11.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот „Пријателство” , во правец од Велес кон Градско во близина на исклучокот за село Караслари, велешко,
патничко возило ,,фолксваген голф” со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Р.И.(44 год) од Кавадарци, удрило во заштитна ограда од коловозот“ – соопшти Биљана Ѓаковска портпарол на СВР Велес.
„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот и пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде била констатирана смрт“ – додаде Ѓаковска.
Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Извор И фото: tirekovmirece.com