Tела на три деца биле пронајдени изгорени во автомобил, а две жени биле пронајдени мртви во Манитоба, уапсен 29-годишен маж

29-годишен маж е уапсен во Канада, откако телата на три деца биле пронајдени изгорени во автомобил, а две жени биле пронајдени мртви во Манитоба, соопшти полицијата.

„Се верува дека осомничениoт и жртвите се познавале“, соопшти полицијата.

Страшните откритија се случиле во близина на малиот град Карман, дом на 2.800 луѓе, во централната провинција Манитоба.

Телото на жена прво било пронајдено на страната на патот во неделата наутро.

Неколку часа подоцна било пронајдено опожарено возило со три деца.

Инспекторите потоа пронашле тело на друга жена во дом, се додава во соопштението.

Полицијата продолжува да ги истражува мотивите за бруталните убиства.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде