Во Пијанечко-Малешевскиот регион продолжува расчистувањето на одрони на регионалниот пат Делчево – Пехчево – Берово. Појава на одрони имаше и на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани кој е дел од магистралата А3, како и на патот Берово – Виница.
Екипи на Македонија пат утрово ги расчистуваа одроните на неколки локации, притоа напоменувајки дека во услови на влажно време потребна е претпазливост при учеството во сообраќајот.
-Поради дождот кој непрекинато паѓаше, а потпомогнат од ветрот можни се одрони и во текот на денот на гореспоменатите делници.
Наша обврска е редовно да ги отстрануваме истите, а апелираме тоа возачите да не го прават самоиницијатицно, за да не дојде до не дај боже некои повреди, истакнаа од Македонија Пат.
Почитување на сообраќајната сигнализација и прилагодување на брзината е птепораката која ја упатија до возачите.
-Знаеме дека се свесни возачите за ризик при возење по влажно време, но сепак повторуваме дека нема зошто да се брза. Нашите екипи остануваат во редовна обиколка и чистење на наносите онаму каде се забележани, додаваат од Македонија Пат.
Утрово дождот во Пијанечко-Малешевскиот регион престана, но се уште се вози по влажни коловози долж сообраќајниците во овој регион.
Фото: Делчево 365