ТРАГЕДИЈА Фудбалер загина во страшна сообраќајна несреќа

Мексиканскиот фудбалер Диего Чавез (28) загина во средата наутро, на Денот на вљубените, во сообраќајна несреќа во татковината!

Последен негов клуб беше Хуарез, за ​​кого популарната „Пума“ минатата сезона одигра 46 натпревари и постигна три гола.

Токму овој мексикански клуб ја извести јавноста дека Чавез е мртов.

Со длабока тага ја известуваме целата заедница на Хуарез дека нашиот играч Диего Пума Чавез загина рано наутро на 14 февруари во сообраќајна несреќа – се вели во соопштението, додека медиумите пишуваат дека тој со својот автомобил удрил во столб на раскрсница.

Во 2015 година Чавез излезе на големата сцена и играше за Веракруз.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде