Вонредна вест: Познат кандидатот на ДУИ за претседател

Откако лидерот на Алијанса за Албанците и градоначалник на општина Гостивар, Арбен Таравари,

официјално потврди дека ќе се кандидира за претседател на државата, во трката влегува и лидерот на ДУИ, потврдуваат за А1он извори од партијата.

Со ова нема да има место за консензуален кандидат уште во првиот круг.

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски најави дека кандидатот за претседател ќе излезе од редовите на неговата партија и дека профилот на кандидатот што ќе го предложат треба да дели европски вредности, да се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година и човек кој нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава.

Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна.

Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите коишто биле предложени од СДСМ, а коишто станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности“, рече Ковачевски во интервју за државната медиумска агенција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде