Власта објави убава вест: Проверете ги сметките, на повеќе од 3.000 граѓани се исплатени 63,5 милиони денари

Министерот за земјоделие, Љупчо Николовски информираше:

Исплатени субвенциите за 3.187 мали земјоделски стопанства во износ од 63.5 милиони денари.

Висината на директните плаќања се утврдува како просек од висината на одобрените финансиски средства за директни плаќања по програмите за финансиска поддршка во земјоделството за 2020, 2021 и 2022 година и тоа:

-За одобрен просек од 0 до 10.000 денари се исплаќаат 10.000 денари

-За одобрен просек од 10.000 до 20.000 денари се исплаќаат 20.000 денари

-За одобрен просек од 20.000 до 30.000 денари се исплаќаат 30.000 денари

-За одобрен просек од 30.000 денари до 40.000 денари се исплаќаат 40.000 денари

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде