Потрага по исчезнатиот Александар Заков во пограничниот регион кај струмичко

Доброволци и роднини веќе неколку дена трагаат по исчезнатиот 32-годишен Бугарин Александар Заков во Македонија, кој последен пат го напуштил својот дом во петричкото село Кључ на 30 декември 2023 година и оттогаш нема трага од него, пишува бугарскиот портал „24 часа“.

„Пред неколку дена добивме сигнал дека е забележан во реонот на македонското село Ново Коњарево, што е на околу еден километар од бугарско-македонскиот граничен премин Златарево – Ново Село.

Тука сме со македонски волонтери и го обиколуваме реонот. Денеска се навршуваат точно 50 дена од исчезнувањето на мојот брат.

Утре (денеска – н.з.) ќе се води големата потрага по него во пограничната област“, ​​изјави вчера неговиот брат Борислав Заков.

Роднините на исчезнатиот бараат учество на повеќе доброволци во потрагата по него.

Договорени се и со македонските граѓани за в недела. Збирното место е во 9 часот по македонско време пред продавницата на главниот пат во Ново Коњарево.

До овој момент нема информација околу акцијата која се организираше денеска за пронаоѓање на Александар.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде