Даночни експерти: Да се воведе нова давачка при вадење кеш од банка

Да се воведе давачка од 0,5% при вадење кеш од банка. На тој начин ќе се демотивираат граѓаните да користат готовина, со што ќе се намали сивата економија.

Ова е еден од предлозите на даночните експерти, кои сметаат дека корупцијата се прави со кеш пари, a држава губи милиони по основ даночно затајување,

Според предлогот, при подигање готивина од 10,000 денари, процентот за државата би бил 50 денари, но на милион денари, ќе треба да се плати 5,000 денари.

– Главна доминанатна улога на сивата економија е готовината, таа треба да се истисне. Затоа треба да се воведе нова давачка од 0,5% при вадење кеш.

Овие пари нема да одат за банкате, туку ќе бидат за државата. Ако скаат со кеш во џебот да се заминете од банка, ќе мора да платите. изјави Павле Гацов, даночен експерт.

Согласно Преспанскиот договор, кога ќе се отвори поглавјето по ова прашање за влез во Унијата, ќе мора да се заменат и парите со Северна во следните 5 години.

Кога би се случила целосната замена, се уште е рано да се каже, затоа што поглавјето за економсиа и монетарна политика се уште не е отворено, велат од Народната банка. Гацов порачува – при печатењето на новите пари истите да се номинираат, за да се знае од каде потекнуваат

Извор: Сител телевизија

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде