Фудбалскиот свет тагува: Почина легендарниот фудбалер

Германската јавност со голема неверица ја пренесува веста за ненадејната смрт на Андреас Бреме, легендарниот лев бек на Баерн и Интер, но и германската фудбалска репрезентација.

Бреме беше човекот кој и ја донесе претпоследната светска титула на Германија, бидејќи неговиот гол од пенал беше клучен за победата на „панцирите“ над моќната Аргентина водена од Диего Армандо Марадона во 1990-та година.

Бреме најмногу ќе остане во сеќавање по голот на мундијалот во Италија, но и по тоа што истата година заврши трет во изборот на „Златната топка“.

Тажната вест за неговата смрт ја потврди сопругата Сузан Шафер, а според информациите на германските медиуми, 63-годишниот Анди починал како последица на срцев удар.

Бреме играше на позицијата лев бек и важеше за дефанзивец кој често знае да се запише во листата на стрелците, а покрај тоа што триумфираше како репрезентативец, беше извонреден и во Кајзерслаутерн, Баерн и Интер.

„Нераѕурите“ меѓу првите изразија сочувство до семејството на Бреме, а во негова чест играчите ќе носат црни ленти на дресовите на дербито со Атлетико во Лигата на шампионите.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде