Ужасна вест: Млад Македонец претепан и убиен во Германија

Триесет и две годишен Македонец бил убиен во германскиот град Есен. Како што пишува Билд.де., тој во два часот наутро имал расправија со двајца Еритрејци на 25 и 29 годишна возраст.

Вербалниот конфликт набрзо се претворил во брутална тепачка, во која Македонецот бил тепан од двете лица со пивско шише се додека тој не колабирал.

Сведок на настанот му пружил прва помош и се обидел да го реанимира повредениот, кој веќе бил онесвестен, но за жал веќе било доцна.

„Тој беше однесен во болница, но таму почина по кратко време како последица на сериозноста на повредите“ изјавил за Билд, портпаролот на полицијата.

Поради добриот личен опис кој сведокот и го кажал на полицијата, полицијата успеала да го уапси 25 годишниот осомничен на железничката станица во Есен, а 29 годишниот на железничката станица во Милхајм.

Повозрасниот убиец е во притвор за убиство од небрежност, а помладиот повторно е во бегство.

По извршената обдукција, констатирано е дека Македонецот починал како последица на нападите од тап предмет, односно од шишето.

Не е јасно која била причината за караницата која доведе до ваков фатален исход. Случајот го истражува Јавното обвинителство на Есен.

Извор: Република

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде