Професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално ТВ 24.
Таа е единствен кандидат кој се пријавил на огласот во ВМРО-ДПМНЕ кој заврши денеска во 17 часот.
Од партиски извори велат дека постои статутарна можност и друг кандидат да биде предложен од делегатите директно на конвенцијата.
Сепак, тоа досега се нема случено,
Силјановска повторно ќе биде во претседателски дуел со актуелниот претседател и неофицијално нов претседателски кандидат на СДСМ откако таа загуби претседателските избори во 2019 токму од Пандаровски.