Најнова вест: Познат кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата!?

Професорката Гордана Силјановска Давкова ќе биде кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, дознава неофицијално ТВ 24.

Таа е единствен кандидат кој се пријавил на огласот во ВМРО-ДПМНЕ кој заврши денеска во 17 часот. 

Од партиски извори велат дека постои статутарна можност и друг кандидат да биде предложен од делегатите директно на конвенцијата.

Сепак, тоа досега се нема случено,

Силјановска повторно ќе биде во претседателски дуел со актуелниот претседател и неофицијално нов претседателски кандидат на СДСМ откако таа загуби претседателските избори во 2019 токму од Пандаровски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде