Полицијата на нозе: Се трага по две малолетни деца

Полицијата трага по две малолетни деца за кои има пријави дека се оддалечиле од домовите.

Според пријавата, малолетник се одалечил од Јавна установа за згрижување деца.

– На 19.02.2024 во 12.00 часот во Полициската станица Карпош, од Јавна установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник И.И.(13), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан назад. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, информираат од МВР.

Шеснаесетгодишно девојче се одалечила од семејниот дом во Кучевиште.

– На 19.02.2024 во 16.15 часот во Полициското одделение Мирковци, Љ.К.(53) од село Кучевиште, скопско, пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка И.К.(16).

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, велат од МВР за другиот случај.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде