Последни вести за трагедијата која денеска ја потресе Македонија

36 годишниот Ж.Р кој беше тешко повреден во семејната расправија во кумановското село Габреш е во тешка состојба и во моментот е на операција на скопските клиники.

Од Ургентниот центар за Сител информираат дека кај нив со амбулантно возило од кумановската болница бил донесен пациент кај кого биле констатирани 3 прострелни рани на стомакот и градниот кош.

По направените неопходни дијагностички процедури пациентот веднаш бил внесен во операциона сала.

При приемот од Ургентен велат дека 36 годишникот бил контактибилен, но во шок од она што се случило.

Во инцидентот кој се случил околу 12.30 минути на лице место биле убиени неговата мајка и брат, а во нив со огнено оружје пукал вујкото односно братот на мајката, информираа од СВР Куманово.

Причината била нерасчистени семејни работи.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде