Апсење на полицијата на повеќе локации низ Македонија

На 23.02.2024 во 19.45 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Б.(34) од с.Мала Речица-тетовско поради тоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 23.02.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против А.К. (36) од Скопје поради обид за убиство. На 22.02.2024 околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К.(36) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на ул.„Ќемал Сејфула“ во Скопје пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата.

Против А.К. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, а судија од Основен кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.

На 24.02.2024 полициски службеници од ОВР Крива Паланка лишиле од слобода 16-годишник затоа што на улицата „Македонска” во Крива Паланка физички нападнал полициски службеник при извршување на службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

На 22.02.2024 околу 21.30 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода О.Ј.(24) и Н.С.(22) од тетовски Требош и малолетник од тетовско Слатино. При нивен и преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со една тетовска и една скопска регистарска табличка, во кое се превезувале, била пронајдена и одземена марихуана. Тројцата се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Денеска (23.02.2024) околу 04.50 часот на улица „Панче Поповски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 34-годишниот гостиварец Џ.Д. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Задржан е во Полициската станица Гостивар и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде