Славчо Попоски утрово со најнова метео вест – регионот веќе е погоден!

Уште од утринава регионот е веќе зафатен од најавениот длабок циклон кој е со центар над северозападна Европа.

Обилни врнежи од дожд има веќе во југозападна Босна, овие врнежи полека ќе навлегуваат во Црна Гора, потоа и на северот од соседна Албанија.

Локално се очекува да наврнат и над 100 литри дожд на метар квадратен, со што постои можност и за локални поплавувања.

На високите планини ќе има обилни врнежи од снег, со што локално ќе се формира снежна покривка со висина од над 30 сантиметри.

Кај нас во Македонија овој викенд ветерот ќе достигнува брзина од над 60 км/час и ќе биде од јужен правец, а ќе има и локални послаби врнежи од дожд.

Сепак ќе биде невообичаено топло за овој период од годината и понатаму, па така во најтоплите централни и југоисточни предели температурите ќе се искачат  и до околу 20 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде