ОГРОМНА ТАГА: Почина познатиот актер

Тој ја остави сопругата Сузан Меј Прат и нивните две деца

Познатиот актер Кенет Мичел почина вчера на 49-годишна возраст, соопшти неговото семејство.

Во последните пет години тој се бореше со амиотрофична латерална склероза.

– Со тешко срце ве известуваме дека почина Кенет Александар Мичел, саканиот татко, сопруг, брат, вујко, син и драг пријател – објави неговото семејство на Инстаграм.

Ѕвездата и актерот на Марвел стана познат по „Ѕвездени патеки: Откритие“, а гласот им го позајми на неколку ликови во „Ѕвездени патеки: Долните палуби“.

Кенет Мичел е роден во Торонто на 25 ноември 1974 година и стана познат по улогите во „Captain Marvel“, „Miracle“, „Jericho“, „The Astronaut Wives Club“, „Ghost Whisperer“, „Switched at Birth“, „Star Trek: Discovery“, „Star Trek : Lower Decks“ и други.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде