Функционерските плати пак пораснаа. Денеска во Собранието си изгласаа ново покачување, а пред граѓаните тоа го преставија како голема реформа со која наводно си ги намалуваат платите.
Но не е така. Според пресметките направени врз основа на предлог законот кој денеска екпресно за 10 минути помина во Собранието,
највисоките функционерски плати од идниот месец пак ќе се зголемат и тоа за повеќе од 2.000 денари нето за највисоките, а најниските ќе имаат раст за околу 1000 денари.
За да не бидат револтирани граѓаните пред избори, пратениците на СДСМ предложија, а оние од ВМРО-ДПМНЕ прифатија да се намалат коефициентите,
но добро пресметале, па со тоа намалување платите не се намалуваат, туку дополнително пораснаа.
Прилогот на ТВ СИТЕЛ погледнете го ТУКА