ЕВРОПСКИОТ МОДЕЛ ГО ЦРТА СЛЕДНОТО: Вистинска зима на Балканот, како и многу снег уште во првата декада од март?!

Метео анализа на Славчо Поповски:

Најновото ажурирање на најпрецизниот нумерички модел (ECMWF, во превод Европски центар за среднорочна прогноза) црта многу снег на Балканот,

како и многу ниски минусни температури, кои би биле потпросечни за март месец уште во првата декада од истиот месец.

Секако ова се сеуште неофицијални информации, постои можност за измени во прогнозата, но добро е ова да го види и јавноста.

Едно е сигурно, а тоа е дека очекуваме задоцнети зимски продори од север и од североисток од Европа во март  и во април. 

Токму ова многу лошо ќе влијае врз веќе расцветаните овошки.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде