Свирепо убиство се случило вечерва во строгиот центар на Прилеп, пренесува прилепскиот портал Маркукуле.
Имено, како што дознава Маркукуле, група на млади луѓе најпрво физички нападнале, а потоа и со нож избоделе младо момче пред деветтокатницата.
Според информациите од очевидци, момчето потоа се обидело да побегне и паднало пред поранешен хотел “Скопје”, каде и починало.
Засега не е познат идентитетот на момчето, само се знае дека има имало околу 15-16 години и дека е од ромска припадност, пишува порталот.
Побаран е одговор од МВР за овој случај, одговорот ќе го објавиме веднаш по добивањето.
Извор: Маркукуле