Убава вест: Пронајдено 14-годишното девојче кое беше пријавено за исчезнато

Вчера во 16 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово во домот на М.Ц. во тетовско Сараќино ја пронашле 14-годишната Ј.Т. од село Волково,

скопско, за која во 14.05 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, нејзината мајка И.Т. пријавила дека се оддалечила од домот, извести СВР Тетово.

Инаку, таа и претходно е пријавувана дека се оддалечувала од домот.

Во присуство на претставник од Центар за социјални работи, малолетничката била предадена на родителите, соопшти СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде